a

Нашата Приказна

Почетокот на нашата приказна е во Мексико каде за прв пат пробавме чиа пијалок кој не освои со уникатен вкус и специфичен спој од состојки. Многустраниот ефект резултираше со зголемена енергичност, ситост и виталност. 

Нашата формула за овој пијалок е совршена симбиоза помеѓу здрави намирници со кои се создаде ChiaDía – природен безалкохолен освежителен пијалок без додадени шеќери, адитиви и конзерванси.

 

 

Ние постоиме за да го овоможиме и направиме достапен овој чиа пијалок за вас, а ваше е да уживате во вкусот и енергијата којашто следи. 

МИСИЈА

Доверлив и стабилен синџир помеѓу тимот на вработени, дистрибутивниот канал, добавувачите и потрошувачот.

ЦЕЛИ

Освојување на лојалноста кај потрошувачите како супериорен продукт на нашиот пазар, со експанзија кон Балканот, Европа и интернационално.

ВИЗИЈА

Лидери на пазарот со отварање на нова категорија на безалкохолни пијалоци со мултифункционални бенефити.

ПРЕДНОСТИ

Уникатен пијалок од ваков тип кој имплементира вертикална интеграција за зголемен раст и подигање на свеста за бенефитите од здрави напитоци.

ВРЕДНОСТИ

Уникатност, квалитет, интегритет, додадена вредност, доверба, одржливост и раст.

ВЛИЈАНИЕ

Амбиција за позитивен импакт кон подобрување на животниот стил преку употреба на социјално и еколошки техники во производствениот процес.

ЗОШТО

Chia Día?

Да го разбудиме здравјето во Вас со внес на хидрирано чиа семе во извонреден спој на здрави состојки, без шеќери кои ќе ви овозможат природна формула за енергија во текот на целиот ден.