Политика на приватност

Оваа политика за приватност обезбедува општи информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате нашата веб страна и/или користите некоја од нашите услуги преку неа. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни за да ги исполниме нашите законски задачи и овластувања.

 

Кои сме ние?

Нашата веб страна е: https://chiadia.com. 

Контролор на лични податоци е Кинадо ДООЕЛ Штип, со седиште на ул. 11 Конгрес 53, Штип, Република Северна Македонија.

Кинадо е производител на безалкохолни негазирани пијалоци.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

 

Кои лични податоци ги собираме и зошто?

Можеме да собираме податоци поврзани со следните категории на лица:

 

Посетителите на нашата веб-страница chiadia.com. Обично собираме податоци за одржување на безбедноста на информациите на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња, прочитајте ја нашата политика за колачиња. 

 

Категории на податоци што треба да се обработат:

– Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

 

Личните податоци што ги собираме од вашата посета на нашата веб страна се оние што доброволно ги доставувате за специфични цели, за да ни овозможат да ги искористиме нашите овластувања за консултации, истрага, корективни санкции, овластување (вклучувајќи ги и податоците потребни за усогласување со законски и регулаторни барања), како што се поставување прашања и/или мислења од различни области за заштитата на личните податоци, давање повратни информации, поднесување барања и иницијативи за надзор, учество во нашата мрежа за службеници за заштита на лични податоци, пријавување злоупотреба на лични податоци на социјални мрежи, пријавување високоризични збирки на лични податоци и/или прекршување на лични податоци или барање каква било друга услуга од Кинадо ДООЕЛ Штип.

 

Можеме да собереме која било од следните категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, е-пошта и потпис. Нашите годишни извештаи обично обезбедуваат статистика за бројот на примени барања и/или иницијативи, во форма што не го открива нечиј идентитет.

 

Како ги собираме личните податоци?

Ние собираме лични податоци преку различни канали, вклучувајќи:

• преку вашата употреба на нашата веб страна, вклучително и формулари за апликација

• преку нашата е-пошта: info@chiadia.com
• преку пошта

 

Категории на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со онлајн услугите достапни преку веб-страницата на ChiaDia ги вршат вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за вршење на предметните активности.

 

Дали ги споделуваме вашите лични податоци?

Ние не споделуваме информации за вас и/или вашата посета на нашата веб-страница со трети страни, освен во следниве случаи:

 

– во случај на ангажирање даватели на услуги, доколку Кинадо ги ангажира како обработувачи, што ќе ги обврзе да постапуваат според упатствата на Кинадо и да обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при давањето на тие услуги.
На барање на суд, полиција или други органи и тела да ги остварат своите овластувања и само доколку постои законска основа за тоа.

 

Колку долго ги чуваме вашите лични податоци?

Податоците што ги собираме се чуваат во согласност со законот и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови за чување на личните податоци на ChiaDia.

 

Кои се вашите права?

Вашите права во врска со обработката на личните податоци се:

•право да се биде информиран за обработката на личните податоци
•право на пристап до лични податоци
•право на корекција и бришење лични податоци
•право да се ограничи обработката на личните податоци
•право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на вашите права за заштита на личните податоци, можете да ја контактирате Жаклина Горгиева на следната е-пошта: contact@chiadia.com.

Доколку сметате дека начинот на кој Кинадо ги обработува вашите лични податоци ги прекршува одредбите од Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Кинадо како надзорен орган, кое ќе биде третирано на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно Член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

Барањето може да се поднесе преку нашата веб-страница или на кој било начин преку контакт информациите објавени во делот КОНТАКТ.

 

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува во согласност со промените и нашите активности.