Љубов кон себе

Љубов кон себе

Сè започнува со љубов, што и да правите, каде и да одите, љубовта е мотив избирајќи ги најсуштински мисли и ги спојува во целина што ние ја нарекуваме – суштина на животот.

Човекот се дефинира со неговата љубов кон себе, грижа за себе, самопочит и самопосветеност. Но, од каде да почнеме? Цврсто избалансираниот „ментален дух“  е она што треба да го поседуваме за совршена симбиоза во нас и околу нас. Психичката состојба се мери со нашите натамошни прописи за радосни или тажни мисли. Взаемната рамнотежа е златниот клуч, проследено со најважната одлика т.н конзистентност. Ах, да, многу често ќе ја спомнуваме конзистентноста, бидејќи е основна вредност на успехот во сè што правите. Како и самољубието и емпатијата се взаемни есенцијални одлики за менталното здравје и благосостојба.

„Самољубезноста“ подразбира да бидеме топли и да имаме разбирање кон себе кога не  успеваме или се чувствуваме неисполнети, наместо да се маваме со “самокритика“, напиша проф. Неф и Гермер.

Љубовта кон себе е најважната ЉУБОВ во вашиот живот. 

ЉУБОВТА КОН СЕБЕ ЗАПОЧНУВА ВНАТРЕШНО ВО НАС.

Како можеме да го пробудиме тоа?

Проследено со избалансиран начин на размислување, позитивни мисли, активност и ефикасна работа. Тоа е состојба во која верувате во себе повеќе отколку што другите можат да веруваат.
Ставете се себеси на прво место. Вие сте вашата главна цел. Искористете ја секоја можност што ви ја дава животот или создадете своја. Преземете акции и верувајте во себе додека ги преземате, бидејќи може да паднете, но љубовта кон себе нема да ве раздели. Ќе ве натера да учите од вашите грешки додека не научите.

Соочувањето со вашите стравови е моќ, за вас, за подобра верзија од вас. Многу е важно да вежбате да се сакате себеси секој ден бидејќи тоа ќе ви донесе вистинска и вечна среќа, внатрешен мир и ќе го подобри вашето здравје и благосостојба. Не плашете се од вашите грешки, зошто тие ќе ве научат и ќе го извлечат најдоброто од вас, because “Either you earn or learn, but you never lose.” Додека се движите напред во постигнувањето на вашите цели, поддржете ја љубовта со почитување на вашето тело. Поставете цели да се храните поздраво и редовно вежбајте. Вашето тело е ваш храм – третирајте го како таков. А со тоа, вашата љубов ќе се прошири, ќе станете пострасни за животот, ќе можете подобро да размислувате и ќе бидете посреќни и поздрави. Радувајте се, учете, вежбајте, внесувајте витамин Д и енергирајте ја вашата душа. Следењето на вашето здравје е вашето богатство. Самообразованието ќе ви донесе доверба и почит за тоа кои сте и што можете да направите.

ВИ ЈА ПРЕТСАВУВАМЕ ПРИРОДНАТА ФОРМУЛА ЗА ЕНЕРГИЈА

Зошто е клучна енергијата како елемент за висок степен на позитивизам? Енергијата е во сè што јадеме, консумираме или користиме. Од каде да црпиме, ако не од корените на водата. Водата е мостот кој не поврзува со природата на физичко и спиритуално ниво, нашиот главен еликсер на живот, фактор кој го условува нашето постоење. Инспирирани од вредноста на водата, природната перспектива, недостигот на здрави напитоци, секојдневието, здравите навики како и есенцијалните потреби на секоја индивидуа, го формулиравме овој природен, безалкохолен, енергичен и избалансиран пијалок ChiaDia. Извонредна и уникатна формула од природни овошни состојки во спој со органско чиа семе и агаве сируп, кој дава чувство на ситост, енергичност, виталност и свежина. Внимателно е комбиниран секој вкус со оглед на индивидуални преференции внесувајќи чувство на детокс, убаво, освежително, пријатно, енергично и ефективно. Енормен избор на витамин Ц, магнезиум, калциум, железо, селен, фосфор, манган, многу влакна, омега 3 и најважното нешто – растителен протеин. Сето тоа благодарение на кралицата на сите семиња – маѓичната ЧИА.