Сестри во претприемништво

Сестри во претприемништво

Што ви беше инспирација да го создадете брендот ChiaDia?

Водени од мотивот за здраво тело – здрав дух кој соодвествува на нашиот healthy lifestyle, како и согледувајќи ја моменталната глобална ситуација со пандемијата и потребата од поголем избор на пијалоци базирани на природни состојки, решивме да создадеме енергетски природен чиа пијалок кој е различен од останатите пијалоци со неговиот уникатен спој на состојки и функционални бенефити. Пред се поради тоа што е без адитиви, конзерванси, вештачки бои и без додадени шеќери. Главна причина поради која се решивме да го создадеме токму овој тип на пијалок е затоа што основната состојка т.е бенефитите од чиа семето е јадрото на овој пијалок.

 

Што ве мотивира да влезете заедно во претприемачките води?

 

Два различни карактери, но со иста амбиција за професионален развој и напредок, се пронајдовме на балансирана линја помеѓу креативнста и иновативноста за превземање на ризик и започнување на сопствен бизнис. Упорноста и желбата за промена која позитивно би влијаела на опшеството и животната средина, придонесе да создадеме производ кој е здрав, а сеуште не застапен на нашиот пазар. 

 

Дали останатите членови од семејството се вклучени во вашиот бизнис?

 

Секако. Пред се ние сме тим задолжени за усовршување и промовирање на производот од секој аспект. а од нашите родители ја имаме целосната подршка на секое поле. Секој член од семејството е инволвиран во различни сегменти, поконкретно нашата мајка е задолжена за економско-финанскискиот дел на бизнисот, додека татко ни за експанзија на производот.

Во што најмногу уживате додека го реализирате целокупниот процес на пијалокот?

 

Најмногу уживавме во слободата која ја имавме за експериментирање во доусовршување на вкусот на пијалокот, развивањето на бренд идентитет, позиционирањето на пазарот и финалниот резултат од самиот пијалок. Нашиот ентузијазам го создаде токму она што го баравме од овие пијалоци.

 

Како одржувате баланс помеѓу работата и вашиот личниот живот?

 

Континуираната физичката активност ни помага за поголема концентрација при работњето, како и правилната исхрана која придонесува за healthy mindset помеѓу работата и слободното време. 

 

Кои совети би ги дале на оние коишто би сакале да започнат свој бизнис?

 

Секогаш изберете професија за која имате пасија, а потоа храбро остварете го тој сон во реалност со превземање ризик, зошто ризикот води кон успех кога е мотивиран од љубов, со вложување на труд и посветеност.

Кога станува збор за било каква промена во животот, не треба да стравуваш и да го чекаш вистинскиот момент, туку да превземеш акција кога го имаш ентузијазмот во себе и силната желбата за напредок.